Фото 5.1.

Бачев: Заев и Мицкоски од партијата „Погреб за Македонија“ се уплашени луѓе штом воведоа цензура врз Единствена Македонија

Jun 29 2020
(0) Comments

Прес конференција, Коалиција „Никогаш севрена – само Македонија“
проф. д-р Јанко Бачев, претседател на Единствена Македонија
Скопје, понеделник, 29 јуни 2020

 Почитувани избирачи,

Партијата Погреб за Македонија составена од дпмне и сдс воведе вистинска медиумска цензура на изборите за 15 јули.

Дпмне и сдс на секој час емитувана програма на телевизиите добиваат по шест минути а Единствена Македонија и „Коалицијата Никогаш северна – само Македонија“, замислете, само десетина секунди. И тоа си го направија со Уредба со законска сила.

Партијата „Погреб за Македонија“ го погази уставното право за еднаквост на сите партии на изборите.

Заев и Мицкоски од партијата „Погреб за Македонија“ се уплашени луѓе штом воведоа медиумски мрак за изборите.

Устите на Заев и Мицкоски  се полни со демократија, рамноправност, но, во реалноста работа сосема друго – воведоа медиумска диктатура.

Нервозата кај Заев и Мицкоски е голема откако нивните внатрешни анкети им покажуваат дека Единствена Македонија е најсилната опозициска партија која може да го сруши нивната власт во изминатите 30 години.

На 15 јули народот ќе ја разбие 30 – годишната власт на дпмне и сдс.

Главата горе Македонци!

Ова е наша држава! Ние одлучуваме!

Идат подобри времиња!

Центар за комуникации на Единствена Македонија
Скопје, понеделник, 29 јуни 2020

Медиуми:

24 Инфо

Центар

Вечер

Макфакс

Скопје 1

Весник

ТВ Вис

Тајм

Вест

Грид

image_print