700

Бачев: Дојдовме еден ден порано да положиме цвеќе, овој Илинден е премногу важен да дадеме легитимитет на марионети (ВИДЕО/ФОТО)

Aug 02 2019
(0) Comments

Изјава, Единствена Македонија
проф. д-р Јанко Бачев, претседател на Единствена Македонија
Крушево, 1 август 2019

Претседателот на Единствена Македонија Јанко Бачев кој ја предводеше партиската делегација која положи цвеќе на Мечкин Камен, рече:

-„Од мое лично име и од име на Единствена Македонија, на македонскиот народ и сите државјани на Република Македонија им го честитам најголемиот празник на нашата држава Илинден и во тој спомен денес дојдовме да положиме цвеќе и да го одржуваме жив споменот на славниот Илинден, храбрите македонци и на нивната борба за слободна и независна Македонија.

Ние сме денеска тука во исто време кога на едно друго место, во Дојран, Зоран Заев и Бојко Борисов треба да подигнат и да се поклонат пред споменик на бугарски полковник кој е претставник на политиката на поделба, бришење и распарчување на Македонија.

 

Ние денеска дојдовме тука еден ден порано да положиме цвеќе оти овој Илинден е премногу важен, за да на истиот да дадеме легитимитет за функционери кои се купени и контролирани од странски центар и функционери кои не се избрани од македонскиот народ.

Исто така, Илинден е ден кој не задолжува да ги победиме непријателите на македонското дело, ние никогаш нема да ја заборавиме жртвата на храбрите илинденци. Ние ветуваме дека Македонија ќе ја вратиме на изворните илинденски принципи.

Браќа Македонци и сестри Македонки, сите кои сметате дека оваа порака е соодветна, ве повикувам да се воздржите од давање на легитимитет на прослави организирани од марионетската влада на СДСМ и ДУИ

Нека е честит и вековит Илинден. Да ни е вечен споменот на Илинден, да ни е вечна Република Македонија!“, се наведува во изјавата од претседателот на Единствена Македонија Јанко Бачев на Мечкин Камен по повод празникот Илинден.

Скопје 1

image_print