Фотографија-,

Техничка влада или погребално здружение на Македонија

May 03 2020
(0) Comments

Веб колумна, Вонреден У-нив. проф. Панче Жежовски, Координатор на ветераните на Единствена Македонија

Еве како во Индија ги тренираат слоновите на послушност, слонот го врзуваат со јаки синџири да не може да избега ниту дададе отпор како би се бранел, тренерите ке се облечат во црни мантии и маски и почнуваат со стапови да го тепаат по глава и по целото тело, така го тепаат неколку дена ни вода ни храна не му даваат, откога ке го доведат до мала душа така речено пререпан и изгладнат до смрт, истите тие тренери ги симнуваат маските и црните мантии се облекуваат во бели алишта, му припаѓаат на слонот го одврзуваат од прагите му носат храна и вода, го мазнат галат негуваат и така слонот на своите таканаречени спасители им станува покорен.

Нели почитувани мои граѓани ни се случува истото со таканаречените самопрогласени спасители – лидери со исклучок и секоја чест на поединци.

Полни им се устите, те ова ке направиме, те вака ке направиме, едните и другите постојано ги менуваат оделата, де во црно, де во бело, изигрувајки тобожни лоши и добри преобразени во ТЕХНИЧКА ЕКСПЕРТСКА ВЛАДА ПРЕОБЛЕЧЕНИ ВО БЕЛИ ОДЕЛА се со една единствена цел, заеднички го дадат доприносот за добробит и просперитет на Граѓаните на Македонија , каде што ке се усогласат и донесат заеднички ставови и иницијативи кој заеднички ке ги почитуваат и спроведуваат.

Во таа ТЕХНИЧКО ЕКСПЕРТСКА ВЛАДА која си ја донесоа таканаречени големи партии маргинализирајки ги малите и новоформирани партии кој како хиени кружат околу удавенит слон кој големите џверки го јадат чекајки да се најадат и тргнат како би настапиле помалите џверки да го дојадат тоа што големите џверови ке им го остават.

И што сега се случува, од ТЕХНИЧКО ЕКСПЕРТСКАТА ВЛАДА наместо да носат заеднички ставови одлуки и решенија, продолжувајќи со меѓусебни препукувања од типот ПОДРЖИ МИ ГО КОПИЛЕВО ДА ЈА ИСКАРАМ НА КОПИЛАРКАНА, секојдневно слушајки ги како меѓусебно се навредуваат , тоа е исто кога родителите се караат децата гладни голи и боси ке проодат, што тоа денес и ни се случува.

Наместо заеднички да настапуваат пред Граѓаните секојдневно пооделно самите си се презентираат небаре се во политички предизборен натпревар, едните носат предлагаат мерки другите пак ги оспоруваат негираат како штетни неприфатливи и обратно,  сега Граѓаните се со двајца татковци кој едниот вика он нека му купи чевли и другиот вика тој нека му купи чевли и така детето чекајки кој ке му купи чевли детето босо ке прооди.

Оваа неслога неконструктивност и немање слух за задничка соработка нема да вроди плод , во Македонија како да имаме две влади кој делуваат во сенка, лидерите како кај едните така и кај другите си земаат за право да изигруваат од позиција на премиери барајки донации секој пооделно, наместо во името на ЕКСПЕРТСКА ВЛАДА и кога ке стаса некаква донација наместо заеднички да ја дочекаат секој пооделно ја прима донацијата и карајки се кој е најзаслужен за донацијата, ајде да не употррбам некој полош збор.

Каква ли слика оставаме пред меѓународните фактори и експерти кој со вчудоневиденост ги следат и анализираат спасителиве кој секојдневно се преоблекуваат маскираат, те во бело, те во црно а истите тие се како погоре опишаните тренери.

Од ваква ТЕХНИЧКА ЕКЕСПЕРТСКА ВЛАДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ ОЧЕКУВА ДОБРОБИТ ЗА ПОДОБРО И СПАС ЗА МАКЕДОНИЈА , ТУКУ КЕ СЕ ОЛИЦЕТВОРАТ И СЕ ОЛИЦЕТВОРИЈА ВО ПОГРЕБАЛНО ЗДРУЖЕНИЕ НА МАКЕДОНИЈА, ДАЈ БОЖЕ ДА НЕ СУМ ВО ПРАВО ШТО НАЈПОВЕЌЕ ГО ПОСАКУВАМ ОВА, НО, МОЈОТ ИНСТИНКТ НИКОГАШ НЕ МЕ ИЗНЕВЕРИЛ ШТО СУМ ПРЕДВИДУВАЛ, ТАКА И БИДНАЛО, ОСТАНУВА ДА СЕ ВИДИ.

image_print