6

Сите среќни земји наликуваат една на друга, секоја несреќна земја е несреќна на свој начин

Jun 28 2019
(0) Comments

Колумна, петок, 28 јуни 2019, Весна Заревска, Единствена Македонија

Нашиот начин е најтежок. Вистина е дека сме мала држава, но, жално е што станавме безимени, ситни и незначајни. И покрај тоа што државниот врв поништи и се откажа од се што е македонско, и покрај тоа што весело им мафтаа со опашките на секој бирократ и на секоја мивка на Европската комисија, ние извисивме.

Европската комисија буквално изми патос со нас, нема датум за почеток на преговори за влез во ЕУ.

Понатаму следи и вето. Никогаш и нема да бидеме членка на ЕУ, таа групација на народи мрази се што е православно, тоа им е рак рана на либералните дружини во западниот свет. Лага е причината дека сме имале корупција и дека судството и правдата биле на незавидно ниво. И државите во ЕУ се тешко корумпирани. А ние се однесуваме како последна колонија, да не понижува кој стигне. Да ни ја краде историјата кој стигне, за тие земји во опкружувањето што канџите не ги тргаат од нас, до неодамна за нив раскажувавме вицови. 

Зошто со милениумското библиско име и идентитет, сами се поставивме во улога на слаба, никаква, незначајна држава, целосно неважна на Македонскиот полуостров, чии надворешни работи веќе со години ги водат една рака дипломатски неспособни луѓе, кои се само подлизурковци на странските газди за да добијат некој ред повеќе во своите CV-а, за во иднина да аплицираат за некоја функција во ЕУ или НАТО, бидејќи таму се „вистинските пари”.

За Македонија – на кого му е гајле?

Зошто дозволивме да им бидеме последна колонија, како нивно подложно племе чиј поглавица продаде се што имаше да се продаде, за ситни шарени стакленца. Не продаваа 30 години. Ќе ги видиш голтари од долнодупени ќе влезат во политиката, а кога ќе излезат полни се ко брод или воопшто не живеат во Македонија, на време тргајќи си ги децата да се школуваат надвор што подалеку од тука, со испраното азно на Кипар каде што им е најбезбедно.

Такви платенички гниди не ни требаат повеќе, а најмалку политиканти во задкулисни игри. Ни треба вистински силна политика, план и национална стратегија за 50 години нанапред. Ни треба Македонија назад, слободна и независна, па дури и Неутрална. Тоа беше сон на многумина. Многу загинаа за да бидеме слободна и независна Македонија. И што направивме?

Зошто би не ценеле сега, кога за ништо името си го сменивме? И сакаме европските бирократи да бидат на наша страна? Прашајте макар еден од нив што мисли за нас, да се уверите. Тоа не значи дека во ЕУ е лошо, тоа значи дека ние треба да градиме силна политика, за да не ценат. А не поданичка, за да ни симнуваат вратоврски од кошули и мајтап да игра секој со нас.

Не е виновен само државниот врв за ова, виновни сме сите што ова го дозволивме. И што воопшто дозволивме вакви луѓе на власт. Името го поклонија на Грците, историјата на Бугарите, јазикот … допрва ќе гледаме циркуси, на пример во свидетелствата на децата што ќе бидат тројазични.

Токму затоа не не почитуваат ни на запад ни на исток. Токму затоа добиваме „ноти” како да сме некаква колонија, а не суверена земја.

Изборувајќи се за најголемото богатство кое народ може да го има, независна држава под свое знаме и свое милениумско име и идентитет, Македонците покажаа колку всушност малку им е дојдено до неа. Нас не отпиша светот како неупотребливи барем за уште 50 години. Ќе имаме или ќе немаме држава од нас зависи, колку ќе се избориме да постоиме и да имаме ДОМ. А спремни чувари има, и надеж се уште има, се додека нас Македонци не има. 

Никогаш северна, само Македонија!

Повторувајте си го ова макар и во себе, секој ден!

image_print