126

Референдум

Aug 07 2018
(0) Comments

Колумна, вторник, 7 август 2018, Зоран Јованчев, член на Извршниот комитет на Единствена Македонија

Денеска како народ сме исправени пред геноцидниот геостратешки проект Промена на име, креиран во темните одаи на западните служби, служби кои преку државниот удар ПУЧ ги урнаа сите институции на Р.Македонија.

Западниот геостратешки проект Промената на името има и самоубиствена компонента, Македонецот САМ да се самоукине, затоа што меѓународното право неможе на еден народ да му го одземе правото на самоопределување и самоименување.

Одбрани се најдолните слоеви од нашето општество, компромитирани и корумпирани елити, политичари, новинари, интелектуалци…

Ангажирани се најдобрите западни експерти за социјален инжинеринг кои преку шарени реклами и пораки ќе ни го промовираат самоубиството како врв на постоење и влез во рајот НАТО и ЕУ.

Нема бројка која службите неможат да ја фалсификуваат. Го фалсификуваа пописот, ги фалсификуваа изборите, погазија се што значи слободна волја на Македонецот во Македонија. Тие немаат ништо свето, ниту чесно.

Ние не треба да учествуваме во овој проект со познат резултат, ние не смееме да им дадеме ЦЕНЗУС за да наместат победа, ние не смееме да му дадеме легитимитет на самоубството олицетворено во Референдум за промена на името и идентитет на нашиот народ и земја..

Ова е шанса на милениумот на западните сили, конечно да ја избришат Македонија и Македонците.

Ние сме тука да не им го дозволиме тоа, тоа е аманет од нашите предци и завет кон идните генерации.

Името Македонија и за нас Македонците но и за светот е СВЕТИЈА, која ги даде славните цареви и василевси, славниот Вистинијанов законик, Вистнијановата црква, првиот светиклиментов универзитет, кирилското писмо, идеалите за праведен и морален свет во кој постои само културен натпревар меѓу народите.

Браќа и сестри Македонци, заедно да изградиме МОДЕЛ за сите идни соработки кога се загрозени македонските национални интереси, модел кој ќе носи резултати на терен, кој ќе покаже и докаже дека Македонците може да се обединат и да работат заедно.

Да се издигнеме над личните и партиски интереси и ситеда се ставиме во служба на нашиот македонски народ и нашата прекрасна татковина Р.Македонија.Ова нека биде почеток на еден успешен Модел со кој Македонија и Македонците ќе победуваат!

Македонија #Бојкотира.

Да ни е вечна Република Македонија и македонскиот народ.

image_print