Фотографија-,

Правда за стечајните работници во Велес или уште една измама

May 09 2020
(0) Comments
Веб колумна, Вонреден У-нив. проф. Панче Жежовски, Координатор на ветераните на Единствена Македонија, 9 мај 2020 година
 
Оваа моја КОЛУМНА ке ја започнам на свој своевиден начин: Две мачки нашле калап сирење и не знаеле како да си го поделат и барале кој е најпаметниот меѓу животните да им го подели сирењето. Се сетиле дека мајмунот е најпаметното суштество и најблизок по памет на човечкиот род и потомок. Го побарале и го нашле мајмунот, му рекле најдовме калап сирење и ти како најпаметен сакаме сирењево да ни го поделиш праведно. Мајмунот го зел кантарот го скршил сирењето на два дела и едното парче сирење го ставил на едната страна од кантарот а другото парче од сирењето го ставил на другата страна од кантарот. Но, едното парче сирење повеќе наддтежнало, мајмунот го зел сирењето кое наддтежнало и го гризнал, арно ама, сега другото парче сирење повеќе наддтежнало и тоа парче сирење го гризнал, и се така додека не го изел целото сирење, а за мачките не останало ништо.
 
Гледам и не можам да се изначудам на настанот кој се одржа неодамна пред Основниот суд во Велес, протестот на стечајните работници од Велес, кој, во рацете држеа транспаренти БАРАМЕ ПРАВДА НИ ГО ЗЕМАВТЕ ЛЕБОТ и слични содржини.
 
Се убаво, но, случајот ми наликува на погоре опишаниот пример.  Гневните стечајци отишле на погрешна страна да им ја истераат правдата каде што можат да бидат измамени и изманипулирани од страна на организаторите, од кој едниот сам нека се препознае е човекот познат на јавноста како манипулатор, преварант, познат и на службите на прогонот кои му имаат поднесено повеќе кривични пријави за заблуда и измама, бидејќи, лажејки ги клиентите дека ке им обезбеди работа во странство делејки им плика со понуда за каква се работа се заинтересирани и кое плико сакаат да го отворат, секое плико си имаше посебна цена во зависност од приоритетот на вработувањето. Од кога ги собра, измами не мал број на наивни клиенти, измамникот исчезна со се канцеларијата која му беше отворена во Скопје. Кога измамените клиенти увидоа дека се измамени, се групираа во разни групации како сега стечајните работници да си ги повлечат вложените пари, но, од сето тоа до ден денес не е сторено ништо, си останаа со прстот во уста, како и многумина опљачкани на ваков и сличен начин, ке ги спомнам само од ТАТ БАНКА и многу други.
 
Трагедијата да биде трагикомична, овој протест го подржаа и други асоцијации, меѓу кој Глас на Солза Грчева и МОРО Работничка, кои. свесно или несвесно, наседнаа на измамниците и дадоа целосна подршка на стечајните работници да успеат во намерите да си ги наплатат заостанатите неисплатени лични доходи, што од нивна страна е во ред, но, што ке стане ако се случи уште една измама, тоест стечајните работници бидат измамени, што ни најмалку не го посакувам. Во тој случај, истите тие кој продефилираа со свои говори на митингот, ни самите не се свесни дака и они се измамени, насанкани, ги поддржиле измамниците сакајки да исползуваат некој политички поен на сметка на нивното конто во предизборието.
 
Нејсе , можеби и јас не сум во право, но сепак укажувам што се може да се случи , што сметам подобро да се спречи одколку да се лечи, но сепак ова е мој личен став како предчуство и од досегашната пракса тоа го потврдува, да, измамниците ги користат невољите на незаштитениот народ, посебно стечајците. Да повторам, дај боже да не сум во право, па сега само по себе ми се наметнува мислата, каде се тука институциите да им излезат во пресрет на овие категории на граѓани. Каде се Градоначалникот како татко на градот, пратениците,советниците, синдикалните организации на кои цел работен век им плаќаа синдикална чланарина.
 
Сите овие фактори се изгласани од граѓаните, им дале доверба да ги заштитуваат како поединечно, така и колективно, да бидат заштитени и да ги представат пред органите на власта и пред правосудните органи како институционално ја истераат ПРАВДАТА на секоја единка или колективитет, а не да бидат изложени, препуштени на самите себеси, да се снаоѓаат кој како знае и умее, тоест да бидат плен на измамници, манипулатори и криминалци кој институционално ги пљачкаат.
 
ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА ова нема повеќе да го толерира, во колку ја добиеме довербата на наредните избори, најстрого ке ги сакционираме овие недоследности. Сите фактори и поединци, независно на каква положба или функција биле, ке сносат одговорност за сите нивни пропусти и злосторнички здружувања против кои ке биде поднесена судска постапка и во името на граѓаните ке сносат правни последици.
 
ОДГОВОРНОСТ МОРА ДА ИМА ДОКОЛКУ САКАМЕ ДА ИМАМЕ ПРАВНА ДРЖАВА И ПРАВДА ЗА СЕКОЈ ПОЕДИНЕЦ.
 
Осмели се и биди еден од членовите и подржувач на ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА.
image_print