Панче

Македонија нема повеќе право на повторна грешка

May 29 2020
(0) Comments

Веб колумна, Вонреден У-нив. проф. Панче Жежовски, Координатор на ветераните на Единствена Македонија, 29 мај 2020 година

МАКЕДОНСКИОТ НАРОД е ЕДИНСТВЕН НАСЛЕДНИК на СИТЕ РЕВОЛУЦИОНЕРНИ ВОСТАНИЈА во неговата историја, кој преку последното во Втората светска војна, со илијадници жртви, крв и коски си воспостави сопствена држава и придоби статус на државотворен народ.

Државата не е воспоставена 1991 година, туку само воознобовена нејзината независност, на која и припаѓаше и по уставот на тогашната заедничка држава, правото на самоопределба и самоотцепување. Од тука јасно е, дека едно малцинство НЕМА никакво право на статус државотворност а најмалку па да одлучува за ИМЕТО, ИДЕНТИТЕТОТ И ЈАЗИКОТ на единствениот СУВЕРЕН и ДРЖАВОТВОРЕН народ – МАКЕДОНСКИОТ.

Тоа право не само што не им го даваме, ние народот туку ниту еден меѓународен закон не им го дава!!! А доколку курто и мурто им го даваат тоа право, тогаш и курто и мурто треба да си престапат во нивните партии, кои патем спрема меѓународниот закон, се и нелегитимни !!!

МАКЕДОНСКИОТ НАРОД преку последното востание и АСНОМ со својата победа над бугарскиот, италијанскиот, германскиот и албанскиот фашистички окупатор си издејствува, како и сите останати победници над фашизмот свои универзални елементарни права, за кои не постои сила во денешно време да му ги одземат а да има за тоа правна или било каква друга подлога и при тоа да е валидно, напротив тоа е грубо кршење на сите можни конвенции, меѓународни акти донесени после 2. светска војната токму за заштита, мир и стабилност во светот, затоа манипулациите сме морале, уценети сме итн…не држат вода.

Ништо што не даваме милом неможат да ни одземат и силум да се обидат, важно е народот да е свесен, дека доброволно нема право и не смее да се согласи со ништо, никогаш, што му ги одзема универзалните елементарни права на целокупниот македонски род, зошто од кога доброволно ќе си дадеш, враќање невозможно ниту со крв а камо ли преку меѓународни правни институции.

Силен отпор мој народе со сите дозволени и недозволени средства за СОПСТВЕНИОТ ОПСТОЈ и правда на овој свет, никогаш не било лесно да си Македонец-ка, но било чесно и достоинствено. Нека не те плаши ниту една ваква или онаква формирана група, тоа се геноцидни, фашистоидни групи, ниту никакви најави за промена на име во 14 дена, ниту изјави од чопористичкото племе, поради кои курто и мурто за личен и партиски интерес, ги продадоа и предадоа сопствените изворни идеологии.

Да им покажеме на сите, дека сме достојни потомци на предците и достојни предци на потомците, решителни и да гинеме но никогаш да доброволно робуваме, доброволно подлегнеме на нивната геноцидна политика и се самоизбришеме.
НЕПОКОР И ДРЖАВЈАНСКА НЕПОСЛУШНОСТ, ИМЕ, ИДЕНТИТЕТ НЕ МЕНУВАМЕ, НИКОГАШ НЕМА ДА РОБУВАМЕ !

Македонија на Македонците и нејзините лојални малцинства!!!

image_print