11

Како е фалсификуван пописот во 2002 година

Jun 13 2019
(0) Comments

Колумна, Единствена Македонија
проф. д-р Јанко Бачев, претседател на Единствена Македонија
Скопје, четврток, 13 јуни 2019

„Политички погрешен би бил секој резултат, според кој би излегло дека албанското малцинство е под 20 отсто од населението, и доколку пописот не го донесе сам по себе посакуваниот резултат, би морал едноставно да биде изнајден – директно му беше кажано на Црвенковски на средбата  со неговите странски газди кон крајот на октомври 2002 . Со други зборови, Црвенковски доби виза – ако не изброи најмалку 20 отсто Албанци на пописот, тогаш нека ги измисли. И навистина, марионетските власти во Македонија кои 30 години верно им служат на своите странски газди, измислија 25, 17 отсто Албанци на пописот од 2002 година.

Како течеше фалсификуваната статистичка операција.

На 1 декември 2003 се објавуваат првите резултати од пописот на населението кои покажуваат дека од вкупно 2.022.547 жители на Македонија, 64,18% од населението се Македонци, а 25,17% Албанци.

Сега читајте внимателно. Споредбените податоци за периодот од претпоследниот попис од 1994 година, до последниот попис во 2002 година, значи за период од осум години, јасно го покажуваат фалсификуваниот попис од 2002 година. Така, од 86.615 лица колку што е зголемено населението во земјата за периодот 1994-2002, дури 67.979 се Албанци, а, внимавајте добро, само 2.000 Македонци, и 16.636 од другите малцински групи. Од овие податоци произлегува дека во периодот 1994-2002, годишно се раѓале по 8.500 деца од албанска етничка припадност, а внимавајте повторно, само 250 од македонска, или сооднос, на едно родено македонско дете се раѓале дури 34 албански деца, што е надвор од здравиот разум и природните закони. Дотолку повеќе, како е можно при пописот во 2002 за разлика од пописот од 1994 година, да има пораст на населението во 99% од општините со албанско население, а во над 90% од општините со македонско население да има намалување од околу 10%. Или, на контигент од македонско население од околу 1.300.000 жители се презентира прираст за осум години од само 2.000 жители, а кај околу 300.000 албанско население пораст од 68.000 жители.

Значи, албанското малцинство во државата беше лажно прикажано дека изнесува 25,17 отсто со цел да ги задоволи потребите од т.н. рамковен договор, кој предвидува Албанците во државата да ги добијат правата ако учествуваат со над 20 отсто од населението?

Пописот се спроведе во периодот од 1-ви до 15-ти ноември 2002 година, откако претходно двапати беше одложуван (април и јуни 2002) по сугестии од одредени меѓународни претставници во државата. Така, по промената на власта на легендарниот 15 септемеври 2002 година, новата владеачка коалиција помеѓу СДСМ и ДУИ тргна на 1-ви ноември 2002 во изведување на фалсификуваната пописна операција.

Според Законот за попис, со пописот требаше да бидат вклучени и македонски државјани кои се во странство не подолго од една година. Меѓутоа, ШИК – тајната полиција на Албанија, во координација со политичките експонати од албанското малцинство во Македонија, ќе овозможат масовно попишување и на Албанци кои повеќе од една година се надвор од земјата, откако претходно успешно ќе организираат масовно собирање и донесување на нивните пасоши во земјата.

За попишувачите во западниот дел од државата било доволно, што, албанските домакинќи само им покажувале пасош како идентификационен документ, притоа велејќи дека во моментот дотичното лице е излезено и не е дома, со што, во тој момент, масовно се попишувани лица кои фактички не се во земјата подолго од една година, а што е спротивно на законските прописи. Притоа, попишувачите воопшто не проверувале дали лицето што е отсутно од дома, во пасошот имало печат дека е во Македонија.

На 14 декември 2002, Државниот завод за статистика потврдува дека најчесто во струшкиот, гостиварскиот и тетовскиот регион се попишуваат лица кои не се во државата. а зад ваквиот тип на недозволено попишување најчесто стојат лица од албанската националност.

Затоа, на 22 декември 2002 година директорката на Заводот, Благица Новковска, излезе со став дека за сите попишани лица во западниот дел на Македонија, кои години наназад живеат во странство, и за кои се употребени нивните лични документи без нивно присуство, ваквите случаи нема да бидат земени предвид при конечниот резултати. Исто така, според  Новковска ќе се исклучат од пописот сите попишани што живеат надвор од земјата повеќе од 12 месеци, а досега било докажано дека таквото попишување се спроведувало во дел од Скопје, во Тетово, Струга, Гостивар и во Охрид.

Меѓутоа, се прави спротивното, коалициската влада на СДСМ и ДУИ ја разрешува од директорката функција, поради тоа што, наместо да користи компјутери ја забавувала процедурата инсистирајќи на рачна обработка за пописните резултати, иако, претходно веќе е алармирано дека се прават злоупотреби со компјутерската обработка на податоците со едноставно додавање на нули во записниците од пописните кругови во средините со албанско население, односно за несовршеноста на компјутерскиот систем на влез од податоците од аналогна во електронска форма, заради што, наместо една шифра се става друга по желба на операторот.

Патем да го спомнам и умислениот концепт на ШИК и домашните албански политички структури создадоа предуслови за примена и на познатиот тактички приод на Албанците за пребројување на исти лица по три пати: при спроведување на пописот во Косово, во Албанија и во Македонија, за да лажно ја претстават нивната бројка во регионот. Иако недозовливо, уште ќе го користат и методот на непречено попишување со молив на македонското население со исламска вероспиповед, наместо пенкало, за да покасно се бришат податоците и дополнително да се претставуваат во прашалниците како Албанци.

За крај, сега во пресрет на пописот во 2020 година, крајно опасен е податокот дека Заев и Ахмети повторно спремаат уште еден фалсификуван попис. Албанските партии по најавата дека повторно ќе се пребројуваме во 2020 година, започнаа со нивните обиди, со цел да спречат да излезе на виделина големата вистина дека албанското малцинство изнесува околу 17 отсто од населението.

Затоа, претстојниот попис во 2020 има круцијало значење за Македонија, бидејќи суштествено е да се види реалната етничка припадност на населението. Уште од сега е јасно дека Албанците во ников случај нема да признаат пописни резултати доколку бидат прикажани дека се под 25 отсто, но, тоа веќе е работа за државата и нејзиниот инстиуционален капацитет што подразбира една претходна ситуација – македонскиот народ нема повеќе право на грешка на наредните избори. Нека дојде нова народна власт која ужива доверба од народот и која ќе знае да ги ги заштити националните и државните интереси со реалната бројка на населението на претстојниот попис.

Сосема за крај, Единствена Македонија на 24 септември 2009 има поднесено кривична пријава до Јавното обвинителство за фалсификување на пописот во 2002 со кој албанците во државата беа лажно прикажани дека се 25,17 отсто. Од приложените факти и докази кон кривичната пријава јасно се гледа дека албанското малцинство е околу 17 отсто од населението, меѓутоа, кривичната пријава до денешно време останува закочена во обвинителските фиоки.