6

Идентитет

Jul 27 2018
(0) Comments

Колумна, сабота, 28 јули 2018, Весна Заревска, претседателка на Општинскиот комитет на Единствена Македонија Центар

Каков идентитет ќе беше тој, ако сметаат дека можат да го укинат со административна или политичка одлука, со наводната промена на името и кршење на Уставот? Ако сметаат дека ќе станеме безимени на пат без пат, СЕ ЛАЖАТ И ЌЕ СЕ СООЧАТ СО ГОЛЕМ НАРОДЕН ОТПОР!

Гледајќи ја состојбата на нато алијансата и кошмарниот и страшен мултикултурен LGBT живот во ЕУ кој сее нереди, силувања и смрт секој ден, се прашувам зошто постојано ни се протнува тезата дека ако Македонија не успее да се интегрира во овие структури ќе биде изолирана, ќе пропадне и ќе не снема.

Предолго ни се сервира овој цирукуз за промена на името, кој трае веќе исцрпувачки 28 години, за чиј позитивен резултат за грчката страна „секако“ ни следува членство во НАТО и ЕУ, како сосема нов измислен народ на Балканот или во спротивно ни следува изолација и пропаст?

Со тоа, упорно се протнува една лажна дилема во јавноста. На пример, владата да ни објасни кој ќе ја изолира Македонија и зошто? И кој ни подготвува Армагедон, ако не си го смениме името?

Приказната или сме во НАТО и ЕУ или сме готови е тотално погрешна и ја пласираат од „Калето“ да не заплашат од сосема јасни причини.

Големи пари се во игра, за нивните геостратешки цели. Најголемата закана во денешно време не претставува не членувањето во ЕУ или НАТО сојузот, туку тероризмот, што самите го создадоа и на кој тука сме сведоци секој ден, со напади во автобуси и на улиците на млади Македонци од страна на радикалните албански структури.

На Македонија не и се заканува изолација и пропаст, пропаст ќе им следи на НАТО и ЕУ, зошто така завршуваат трули држави и терористички сојузи. НАТО и ЕУ преку Грција, а за нивни интереси, си најдоа терен (Заев и цела Влада) за работење и ќе си работат на тоа додека Македонија не попушти.

Ги плаќаат политичарите, експертите, претставниците на разни невладини организации, со цел да извршат невиден геноцид врз нас, помогнат со владиното мантрање дека друга алтернатива немаме. Попуштање нема! Алтернатива секогаш има и ќе се избориме за неа. Ние со векови сме опстанале под ова име па не исчезнавме како народ, нема да исчезнеме ни сега.

Не гледам елементарни причини и здрав разум зошто Македонија мора да си го промени името за да добие покана за членство. Каде се тука интересите на Македонците, ако повеќе нема да се нарекуваме Македонци?

Името Македонија е преломна точка, премногу сериозно за една минлива циркузантска влада да си поигрува со него и да си поигрува со сите нас. Ние ќе доживееме тотален пораз ако инфантилно прифатиме промена на сопствената националност, сопствениот идентитет, јазик, промена на името.

Нека им е јасно на сите потписници на предавничките договори, народот нема да ја прифати оваа уцена. ТОА НЕМА ДА ИМ ГО ДОЗВОЛИМЕ!

За ова сериозно прашање не се потребни емоции, ниту руски пари за кои лаеја цела недела, туку здрав разум. Ми велат, отиде државата во амбис, луѓето гладувале се иселуваат од тука, нека се викаме како сакаме само да има леб. Ни НАТО и ЕУ нема да ни го даде тоа.

За средена економија и средена социјална држава ние сами треба да се избориме, со тоа што ќе си избереме МАКЕДОНСКА Влада. Имаме такви луѓе и тие ќе ја водат државата. Во моментов на Македонија и се потребни многу мудри одлуки и паметна борба, а се плашам дека ќе ги има со оваа предавничка влада.

За крај ги прашувам – Што идентитет ќе беше тоа, ако сметаат дека можат да го укинат со административна или политичка одлука, со наводната промена на името и кршење на Уставот? Ако сметаат дека ќе станеме безимени на пат без пат, СЕ ЛАЖАТ И ЌЕ СЕ СООЧАТ СО ГОЛЕМ НАРОДЕН ОТПОР!

image_print