Единствена Македонија во точно време и на точно место

Apr 18 2018
(0) Comments

Колумна, среда, 18 април 2018, проф. д-р Стефан Влахов Мицов, заменик претседател на Единствена Македонија

ПОСЛЕ АНТИФАШИСТИЧКАТА БОРБА ОД ВТОРАТА СВЕТСКА ВОЈНА, ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА Е ЕДИНСТВЕНАТА ПОЛИТИЧКА ОРГАНИЗАЦИЈА ВО МАКЕДОНИЈА КОЈА РАБОТИ ЗА МАКЕДОНСКА МАКЕДОНИЈА ВО ТОЧНО ВРЕМЕ И НА ТОЧНО МЕСТО.

Да се потсетиме дека во последните 150 години на македонскиот простор дејствуваа десетици организации, поделени и раскарани во однос на националното ослободување на македонскиот народ. Раскарани и поделени и внатре во себе. Денес, 55 фејсбук партии, и партии само на хартија под водство на триглавата ламја „Погреб за Македонија со копретседателите Заев, Мицковски и Ахмети, како македонските изроди во минатото ја уништуваат Македонија и македонскиот народ. Тогаш сојузници на македонските одродници беа бугарите, германците и балистите. Денес нивни сојузници се САД, НАТО и ЕУ.

Во времето на фашистичката окупација од 1941 до 1944, македонските комунисти и антифашисти мораше да се борат против целата предавничка елита која ги подржуваше окупаторите. Денес, во истата улога е Единствена Македонија. САМА, НО НЕ И ОСАМЕНА, БИДЕЈЌИ Е ПОДРЖАНА ОД МАКЕДОНСКИОТ НАРОД. А Е ПОДРЖУВАНА, ЗОШТО ИМА ЈАСНА ПРОГРАМА И ТОЧНА СТРАТЕГИЈА ЗА ЗАЧУВУВАЊЕТО НА МАКЕДОНСКАТА ДРЖАВА КАКО УНИТАРНА, НЕМЕНУВАЊЕТО НА ИСКОНСКОТО МАКЕДОНСКО ИМЕ, ИДЕНТИТЕТ, ЈАЗИК, ИСТОРИЈА И КУЛТУРА.

РАЗЛИКАТА МЕГУ ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА И „ПОГРЕБ ЗА МАКЕДОНИЈА„ Е КАКО ЗЕМЈАТА И НЕБОТО: И КАКО ИДЕЈА, И КАКО КАУЗА, И КАКО ВИДОВИТОСТ, И КАКО МОРАЛ, И КАКО ДЕЈСТВИЈА.

ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА Е ЕДИНСТВЕНАТА АЛТЕРНАТИВА НА НЕОФАШИЗМОТ НА САД, НАТО И ЕУ ВНАТРЕ И НАДВОР ОД МАКЕДОНИЈА. ТОА ВЕКЕ СЕ ПРИЗНАВА ВО ЦЕЛ СВЕТ. ВО БРИСЕЛ, ЛОНДОН И БЕРЛИН ПОЛИТИЧКИ КРУГОВИ ВОЗНЕМИРЕНО КОМЕНТИРААТ „ПРОРУСКАТА„ (ВО СУШТИНА НАЦИОНАЛНАТА)  ПАРТИЈА ВО МАКЕДОНИЈА. ВОЗНЕМИРЕНИ СЕ ЗАТОА ШТО СТАНУВА ЗБОР ЗА ОРГАНИЗАЦИЈА КОЈА СЕ БОРИ ПРОТИВ НИВНИОТ ЗАПАДНОЕВРОПСКИ КОЛОНИЈАЛИЗАМ. ОД ДРУГА СТРАНА, РУСИЈА КАКО СВЕТСКИ ЛИДЕР ПРОТИВ НЕОФАШИЗМОТ, ВИСОКО ГО ЦЕНИ БУДЕЊЕТО НА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД ПРЕКУ ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА.

ДЕНЕС СВЕТОТ Е НА МИНУТА ОД НОВА СВЕТСКА ВОЈНА. Алтернативите и во светски рамки и во Македонија се кристално јасни. На светски план – Русија, Кина, Иран и државите од БРИКС против новите хитлеровци од САД, НАТО и ЕУ. Во Македонија: Единствена Македонија против обединетата „Погреб за Македонија„.

ЗА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД Е МНОГУ БИТНО ДЕКА РУСИЈА ЈА ПРЕПОЗНАВА ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА КАКО ЛЕГИТИМЕН ПРЕТСТАВНИК НА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД:

Прво, не случајно делегација на Единствена Македонија ја посети Москва како резултат на ОФИЦИЈАЛНА ТРОЈНА ПОКАНА: НА РУСКАТА ДУМА, НА ВЛАДЕЈАЧКАТА ПАРТИЈА ЕДИНСТВЕНА РУСИЈА И НА ЕВРОАЗИСКОТО ДВИЖЕЊЕ. Во Думата, Единствена Македонија беше примена на високо рамниште како останатите моќни странски партии. Формално, Единствена Македонија не е парламентарна партија. Но, за далекувидите раководители на Думата, како и на партијата Единствена Русија се побитни идејната моќ на Единствена Македонија, нејзината кауза и идни перспективи. Притоа, руските политичари добро знаат дека 27 години се фалсификуваат изборите во Македонија од партијата „Погреб за Македонија„ и нејзините западни господари.

Второ, не случајно делегацијата на Единствена Македонија беше поканета во Москва САМО ДЕН ПРЕД ТЕРОРИСТИЧКИОТ НАПАД НА САД, ВЕЛИКА БРИТАНИЈА И ФРАНЦИЈА ВРЗ СУВЕРЕНА СИРИЈА. ТОА Е ИЗРАЗ НА ГОЛЕМА ДОВЕРБА И МОЖНОСТ ДА ЈА ВИДИМЕ РУСКАТА ВОЕНА МОК. Сириските одбранбени сили срушија 71-на од пратените против нив 103 ракети. Притоа, со постари одбранбени комплекси како C-125, C-200, „Бук“,„Квадрат„ и „Роса„. Меѓутоа имавме можност лично да ја видиме самодовербата на русите – и државниците и обичните граѓани кои се спремаат за војна со прагматизам и верба во идната победа.

Трето, со посетата на Москва ВО ТОЧНО ВРЕМЕ И НА ТОЧНО МЕСТО, Единствена Македонија направи клучен историски чекор кон добра и победничка иднина на Македонија и на македонскиот народ. ДИМЕНЗИИТЕ НА ТОЈ КЛУЧЕН ЧЕКОР КЕ СЕ ВИДАТ НАСКОРО.

При своето ребрендирање на 21 јануари годинава, Единствена Македонија го најави КАКО НАЈБИТЕН НАДВОРЕШНОПОЛИТИЧКИ ЧЕКОР НЕМЕНУВАЊЕТО НА УСТАВНОТО ИМЕ И НЕВЛЕГУВАЊЕТО ВО НАТО ВО ЈУЛИ НА САМИТОТ ВО БРИСЕЛ. ТОЈ ЧЕКОР РЕЧИСИ Е ВЕКЕ ОСТВАРЕН. Посреден доказ за тоа е изјавата на Козијас дека МАКЕДОНИЈА НЕМА ДА ВЛЕЗЕ ВО НАТО ВО ЈУЛИ, ЗАТОА ШТО НЕМА ДА СЕ РЕШИ ПРАШАЊЕТО ЗА МАКЕДОНСКОТО ИМЕ.

Во изминатите три години разликата мегу Заев и Груевски беше во тоа што Груевски ветуваше зачувување на државата, а ништо од ветувањето не беше реализирано. Од друга страна, Заев ветуваше распад на Македонија, двојазичност, кантонизација и во многу голем дел ги исполни ветувањата.

СОСТОЈБАТА СЕ СМЕНИ СО ПОЈАВАТА НА ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА. СЕГА ЗАЕВ ПРОДОЛЖУВА ДА ВЕТУВА, НО НЕ ОСТВАРУВА. Ветуваше менување на името до крајот на февруари, потоа до крајот на март, па до крајот на април. Денес, бугарашот министер Димитров се надева на решение за 2 до 3 месеци. Истото се случи и со законот за двојазичноста. На 17 април Македонија доби веќе не памтиме дали 8-ма или 9-та препорака за почеток на преговори со ЕУ. Со таа препорака Заев, како претходно и Груевски, можат само да си го избришат задникот.

СПРОТИВНО НА ГРУЕВСКИ И МИЦКОВСКИ ОД ЕДНА СТРАНА И НА ЗАЕВ ОД ДРУГА, ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА ОСТВАРУВА ТОА ШТО ГО ВЕТУВА. КРАТКО КАЖАНО, НА ПАРТИЈАТА „ПОГРЕБ ЗА МАКЕДОНИЈА„ И ДОАЃА КРАЈОТ. И НЕМА ДА ЈА СПАСАТ НИКАКВИ КАЛКУЛАЦИИ И ФИНТИ. НИТУ ПАК ФИНТИТЕ, КАЛКУЛАЦИИТЕ И АГРЕСИЈАТА КЕ ГИ СПАСАТ ГОСПОДАРИТЕ НА „ПОГРЕБ ЗА МАКЕДОНИЈА„ САД, НАТО И ЕУ.

ВО СУШТИНА, ДЕНЕШНИТЕ НЕОФАШИСТИ ГИ КОРИСТАТ ПОТФАТИТЕ НА ХИТЛЕР ВО ОДНОС НА РУСИЈА ДО НАЈМАЛИ ДЕТАЛИ. На 14 мај 1941 г. само еден месец пред нападот врз Русија, Хитлер му пишува писмо на Сталин со кое го убедува дека собирот на германските војски на границите со Русија е само маневр за војна против Англија. „Можно е тоа да создаде претстава за воен конфликт мегу нас. САКАМ ДА ВЕ УБЕДАМ, ВИ ГО ДАВАМ МОЈОТ ЧЕСЕН ЗБОР ДЕКА ТОА НЕ Е ВИСТИНА„ цитат од Хитлер. Хитлер тврди дека спротивно на неговата одлука, некои германски генерали можат да удрат врз Русија: ВЕ МОЛАМ ДА СЕ СТРПИТЕ. НЕ ОДГОВАРАЈТЕ НА ПРОВОКАЦИИТЕ, цитат од Хитлер.

ДЕНЕС, САД И НАТО СЕ ОБИДУВААТ ДА И ЈА ПРОДАВААТ НА РУСИЈА ИСТАТА ПРИКАЗНА ЗА МАЛИ ДЕЦА. ЗАТОА КЕ ЗАВРШАТ КАКО ХИТЛЕРОВА ГЕРМАНИЈА.

image_print