126

Досегашниот евроатлански пат на Македонија и новите алтернативи

May 02 2018
(0) Comments

Колумна, среда, 2 мај 2018, Зоран Јованчев, член на Извршниот комитет на Единствена Македонија

27 евроатлански години се години на национален срам, понижувања и кршење на основните човекови права на македонскиот народ, со притисоци за промена на име, забрана за заштита на правата на македонското малцинство во соседството кое е дел од ЕУ, државни удари, воени кризи, капитулански договори.

На Македонија во овие 27 евроатлански години и беше забрането да функционира како држава, да функционира без државни удари и воени кризи организирани токму од служби кои се дел од евроатланските системи.

За активностите против државатане се поведе ниту една судска постапка, иако од суштинско значење и нејзина обврска е расветлување на настаните од Диво Насеље, вмешаноста на странските служби во случајот ПУЧ, финансирање од надвор на шарени револуции за рушење на уставниот поредок.

Македонските медиуми 24/7, 365 дена во годината ја емитуваат мантрата нато и еу нема алтернатива. Ја сокриваат целата вистина за злосторот на евроатланските системи кон народите од светот. Нашиот народ неможе да ги види доказите за наместените хемиски напади во Сирија, доказите за случајот Скрипал, за западната конструкција на украинскиот мајдан, вмешаноста на западните структури во промени на влади во јужна америка, итн.. Едноумие пострашо од тоа во комунизмот.

Толку е моќна евроатланската идеја да неможеш да видиш на ниту еден медиум да се соочат со луѓе кои ја говорат вистината. На медиумите постојано гледате едни исти професори, аналитичари, политичари кои секој втор збор им се нато и еу. Тука нема разлика дали доаѓаат од позиција или опозииција, сето тоа денеска е споено во една  партија контролирано од еден центар.

Останатиот свет оди напред, се гради, се поврзува. Од истокот доаѓаат иницијативи кои носат развој, кои носат шанса и за помалите економии, планетарни проекти за поврзување на континентите и народите кои може да обезбедат иднина која е многу подобра од иднината на нато и еу нема алтернатива за 200 евра.

И не само што се поврзуваат народите и континентите, туку тоа се прави на еден цивилизиран начин, без наметнување на вредности и стандарди кои не се компатибилни на локалните. Се почитува секоја култура со своите посебности. Нема промена на имиња на народи, идентитети, закани, логистика на терористи, петти колони, соросоидни организации и сорос армија.

Вардарската долина и патот на свилата кои треба да поминат низ Македонија, како и сеуште актуелниот јужен ток кој само од транзит ќе носи милиони во буџетот на РМ, се шанси кои Македонија не смее да ги пропушти ако сака во 21 век да биде просперитетна земја, земја која не се задоволува со 200 евра плата.

Определбите на Единствена Македонија за стратешки сојуз со Русија и членство во Евроазиската економска унија и другите источни организации се новата иднина за нашата татковина. Македонија да стане безбедно место, место во кое терористичките организации и армијата на сорос нема да може да ја дестабилизираат, земја во која ќе се гради и ќе се работи за доброто на целиот народ, поефтинување на енергенсите, пристап до пазарите на истокот, договори за трговија со Русија, обезбедени пазари за земјоделието, инвестици, подигање на квалитетот на живот на секој еден Македонец.

Единствена Македонија веќе го започна тој процес, храбро чекори напред, таа ќе биде светилка водилка во новото време, време во кое Македонецот ќе почувствува дека е дома, во Македонија.

image_print