janko-bacev-fejsbuk-foto

Дали проектот Фолксфаген пропадна како и Ауди за провизија од 15 милиони марки

Mar 11 2019
(0) Comments

Колумна, Единствена Македонија
д-р Јанко Бачев, претседател на Единствена Македонија
Скопје, понеделник, 11 март 2019

-„Земјата лобира за влез на голема германска инвестиција„ рече Зоран Заев пред еден месец, но, по еден месец „Фолксваген„ побегна од Македонија и отиде да гради фабрика во Србија. Кочо Анѓушев невешто се обиде да го брани Заев велејќи дека најавите за влез на Фолксфаген биле само шпекулации. Информациите пак велат дека големата провизија на власта во Скопје е причината зошто „Фолксфаген„ ја одмина Македонија.

Ова ме потсети на периодот од пред дваесет и пет години кога Црвенковски како сега и Заев на голема врата најави дека во Македонија доаѓа автомобилскиот гигант “Ауди” за да гради фабрика за автомобили.

За подобра прегледност на случајот со “Ауди”, да спомнам дека Црвенковски како премиер, по приграбувањето на реалната власт и контролата врз СДБ, меѓудругото ќе одобри формирање и на трета управа во СДБ за спротиставување на повисоки облици на криминал, за да ги има сите потребни податоци за приватизацијата, за свои лични потреби.

Во овој контекст, во корелација со Оперативната акција “Трансформација”, ќе биде заведена и оперативната акција “Монета”, каде што меѓу останатите ќе се добијат и интересни податоци во врска со случајот “Ауди”.

Во продолжение сумарна фактографија што ја отсликува пропаста на проектот „Ауди„ на кого многу наликува пропаста и на сегашниот проек со „Фолксфаген“.

Првичните начелни преговори меѓу македонската Влада и менаџментот на „Ауди„ се движат во задоволителна насока и дури пред македонската јавност ќе се обзнани дека е успешен пилот-проектот со склопување три автомобили “ауди-3”, во една од салите на Металскиот завот “Тито” во Скопје. Со тоа, “државотворците” од СДСМ сакаа симболично да прикажат дека со првите три произведени автомобили во Македонија работите во врска со фабриката се, речиси, готови.

Според оперативните сознанија во СДБ, пак, станува збор за маркетиншки конструиран случај бидејќи, наводно, произведените три автомобили во Македонија биле донесени од централата.

Значи, начелно договорените принципи за изградбата на фабрика за автомобили во Македонија или, како што официјално е наречен проект “Асиба-МГ Ауди А3”, на теренот требаше од наша страна деталите да ги операционализираат владиниот министер Јане Миљоски и сопственикот на “Асиба”, Пеце Дамевски.

Се разбира, премиерот Црвенковски во тоа време тргна со невидена медиумска кампања. Сопственикот на “Асиба”, Дамевски, речиси не се симнуваше од медиумите и ни беше претставуван како човек со кој СДСМ се гордее.

Но, пресвртот со изградбата на фабрика за „Ауди„ во Македонија настанува кога министерот на една полутајна средба со германските партнери ќе побара дополнителна провизија. Спротивно на претходно, веќе договорената провизија што ќе ја дадат германците за многубројните екстра поволности што ќе треба да ги одобри македонската влада (локација, инфраструктура, даночни олеснувања и слични бенефиции), тогашниот министер на оваа средба ќе побара “на своја рака” дополнителни 15 милиони германски марки за да заживее проектот (иако во белешките во овој сегмент не се спомнува Црвенковски, едноставно е за неверување министерот да направил таков крупен излет без знаење на шефот).

Се разбира, педантните Германци се непријатно изненадени од овој нов момент, но веднаш не го одбиваат министерот, туку го упатуваат провизијата да ја земе од сопственикот на “Асиба”, партнер во проектот, истовремено кажувајќи му на министерот дека исплатиле се што требало да се плати на име провизија. По ова, министерот ги пренесува германските сугестии на Дамевски и на таа средба недвосмилено му кажува дека дополнително тајфата на СДСМ  заклучила дека е потребно да им се плати провизија од 15 милиони марки, кои, се рабира, би биле во интерес на државата.

Пеце Асиба нема да ја исплати дополнителната провизија, и тука некаде е крајот на приказната со “Ауди” во Македонија. Натаму, епилогот е јасен, “Ауди” се повлекува од проектот, а “Асиба” во периодот што следува ќе банкротира, а бизнисот со дилерството на автомобилите “ауди” ќе отиде во рацете на лице од семејството на Црвенковски, кој, пак, во јавноста кажува дека има многу роднини, и не знае какви бизниси му работат роднините.

Интересен е и профилот на “домаќините” од СДСМ, кои и тогаш и денес ни се претставуваат како сериозни лица за сериозни времиња. Така, по пропаста на проектот “Ауди”, и паѓањето на власта на СДСМ во 1998 година, нивното сериозно лице Пеце Дамевски веднаш ќе се потруди (неуспешно) да фати приклучок со новата власт на ВМРО ДПМНЕ, жалејќи се од своите “комуњари”.

Еве што му пишува Дамевски од СДСМ на новиот премиер Љубчо Георгиевски, во мошне инспиративното лично писмо до него од 12 јануари 1999 година:  “Искрено се радувам што можам лично да ви го честитам изборот за премиер… За мене е илузорно да се каже дека нешто е невозможно… Широк е светот што чека околу нас, мислам на подрачјето што треба да го покриеме со фабриката во Македонија, иако таков не му изгледа на оној што сака само да ги изодува веќе познатите патеки, а на тој начин е стеснета нивната работа, а уште повеќе стеснети можностите… Почитуван премиере, очигледно им припаѓате на личностите кои се подготвени да создадат нови патишта и да испробаат нови нешта, светот е пространо место, а бројот на работите што можат да се завршат неограничени”.

Значи, „сериозните” луѓе на СДСМ, откако се раскараа помеѓу себе за провизијата за проектот “Ауди”, веднаш се обидоа да се прилепат на новиот премиер Љубчо Ѓеоргиевски.

Патем не е на одмет да спомнам дека оперативната акција “Монета”, која меѓу другото содржеше податоци за нечесните игри со провизиите за проектот “Ауди”, како и ОА ”Трансформација”, во предвечерието на изборите во 1998 година ќе биде дерегистрирана (укината), а службените материјали ќе бидат изнесени од МВР.

Значи, конзорциумот “Ауди” навистина пројавил интерес за влез во Македонија, но на највулгарен начин ќе биде одвратен од идејата со дополнителната провизија. Власта на СДСМ и тогаш и сега под странски инвестиции, всушност, подразбирале провизии за лично богатење, а нивната лакомост и понатаму ќе остане недопрена од органите на прогонот, што значи дека оперативните сознанија во третата управа на СДБ и понатму остануваат само за лично информирање на премиерот Црвенковски во тоа време.

И Заев сега е во добра позиција како и Црвенковски. Заев раководи со марионетска власт во Скопје инсталирана и купена од странски центар и знае да работи само со провизии во услови кога нивните странски газди од НАТО не ги интересира грабежот, туку само сакаат марионети кои верно ќе им служат. Откако Зоран Заев избриша се што е македонско, ја доби сега наградата од странците да ужива во безаконие, коруција и криминал нечепнати од никого.

А на македонскиот народ и граѓаните на Република Македонија им останува да се прашуваат зошто кога СДСМ е на власт германските автомобилски гиганти бегаат од Македонија!?