1

Интервју на Бачев за германскиот Ди Зајт и американскиот Волт стрит журнал

Dec 10 2019
(0) Comments

Интервју, Единствена Македонија
проф. д-р Јанко Бачев, претседател на Единствена Македонија
Скопје, понеделник, 9 декември 2019

Претседателот на Единствена Македонија, проф. д-р Јанко Бачев, денеска, понеделник, 09.12.2019, во седиштето на партијата имаше две интервјуа за странски весници:  Интервју за  најчитаниот германски неделен весник „Die Zeit“со тираж од 500.000 и проценета читателска публика од над 2 милиони со канцеларии во Брисел, Дрезден, Франкфурт, Москва, Њујорк, Париз, Истанбул, Вашингтон, Виена, Пекинг и Интервју за е еден од најголемите дневни весници во САД „The Wall Street Journal“, со тираж од околу 2.617 милиони примероци.

Претседателот Бачев ја запозна бројната читателска публика во Германија и САД за вистината за Македонија и Македонците дека не сакаат во ЕУ, НАТО и промена на името и дека за нас светот е многу поширок и не завршува до Брисел и Вашингтон. Потенцираше дека како Македонци  никогаш нема да се помириме со бришењето на името, идентитетот, историјата и традицијата на македонскиот народ.  Република Македонија преживува најтешки моменти од кога било досега, но битка која ја води Единствена Македонија на крајот заедно како Македонци ќе ја победиме на изборите во 2020 година – настан од историско значење на кои народот, а не некој странец ќе го даде одговорот – или  ќе се зацементира бришењето на се што е македонско, или, на изборите ќе победат националните и патриотските сили кои ќе ја вратат државата на изворните илинденски и асномски принципи. 

Центар за комуникации на Единствена Македонија
Скопје, понеделник, 9 декември 2019

image_print