Претседател

Претседател на Единствена Македонија

д-р ЈАНКО БАЧЕВ

 

Роден на 14 септември 1966 во Струмица, по националност е Македонец.

 

Образование

1991 – Правен факултет

1995 – Специјалистичка обука за стручно оспособување и усовршување на работниците на овластени работни места во Министерството за внатрешни работи на Република Македонија. 

1996- Положен правосуден испит

1999 – Постдипломски магистерски студии на Катедрата за меѓународно право и меѓународна политика на Правниот факултет „Јустинијан Први„ во Скопје одбранувајќи го магистерскиот труд на тема: „Правните механизми во Организацијата на Обединетите нации и прашањето околу името на Република Македонија“.

2012 – Докторски студии на Катедрата за меѓународно право и меѓународна политика на Правниот факултет „Јустинијан Први„ во Скопје одбранувајќи ја докторската дисертација на тема: „Правните механизми во Организацијата на Обединетите нации и прашањето околу името на Република Македонија“.

Автор е на повеќе од сто и педесет есеи и колумни од областа на меѓународното право и меѓународните односи, безбедноста и политиката како и на 16 научни и стручни трудови во домашни и меѓународни зборници. Исто така, автор е на книгата „Македонија и Грција – битка за името“.

 

Работни активности

Во периодот од 1991 до денес има работно искуство во правосудната сфера, службите на државните органи, политичката и образовната сфера.

1991 – адвокатски приправник, па, адвокатски стручен соработник.

1994 – Службата за државна безбедност при Министерството за внатрешни работи на Република Македонија.

2010 – Предавач во Комората на Република Македонија за обезбедување на лица и имот и детективски услуги и член на Комисијата за полагање на стручен испит за вршење работи на обезбедување на лица и имот.

2012 – професор по меѓународно право на Правниот факултет при Меѓународниот Славјански Универзитет „Гаврило Романович Державин„.

 

Партиски активности

2002 – ја основа политичката партија Народно движење за Македонија со поголем број на истомисленици, откако во рамките на МВР ги согледува политичките сценарија и внатрешните предавства за време на Татковинската војна во 2001 година.

2018 (21 јануари) Централниот комитет на Народно движење за Македонија донесе одлука партијата во иднина да настапува под назив: Единствена Македонија.

 

Фамилијарен статус

Оженет е со сопругата м-р Убавка Бачева, дипл.правник, со која имаат две деца, Никола и Михаил.

 

КОНТАКТ:

Тел: 02 62 03 071; 075 213 495; 076 310 271
Mail: president@edinstvenamakedonija.mk; facebook: Јанко Бачев; Instagram: bachevjanko
Адреса: Даме Груев 10, 1000 Скопје
Република Македонија