31

Претседател

Jun 07 2018
(0) Comments

Претседател на Единствена Македонија

д-р ЈАНКО БАЧЕВ

Јанко Бачев е роден на 14 септември 1966 во Струмица, по националност е Македонец.

Во периодот од 1991 до денес има работно искуство во правосудната сфера, службите на државните органи, политичката и образовната сфера. По завршувањето на Правниот факултет во април 1991 година е ангажиран како адвокатски приправник, па, како адвокатски стручен соработник. Од мај 1994 работи во Службата за државна безбедност при Министерството за внатрешни работи на Република Македонија. Бил повеќегодишен предавач во Комората на Република Македонија за обезбедување на лица и имот и детективски услуги и член на Комисијата за полагање на стручен испит за вршење работи на обезбедување на лица и имот. Од 2012 година е професор по меѓународно право на Правниот факултет при Меѓународниот Славјански Универзитет „Гаврило Романович Державин„.

Во периодот од ноември 1994 до април 1995 година завршува специјалистичка обука за стручно оспособување и усовршување на работниците на овластени работни места во Министерството за внатрешни работи на Република Македонија. 

Во јуни 1996 година го положува правосудниот испит.

Бачев е доктор на правни науки во областа на меѓународното право кој докторирал на Катедрата за меѓународно право и меѓународна политика на Правниот факултет „Јустинијан Први„ во Скопје, одбранувајќи ја докторската дисертација на тема: „Правните механизми во Организацијата на Обединетите нации и прашањето околу името на Република Македонија“. Постдипломски магистерски студии завршил на истиот факултет, и за таа цел го одбранил магистерскиот труд на тема: „Приемот на Република Македонија во Организацијата на Обединетите нации и меѓународното право“.

Автор е на повеќе од сто и педесет есеи и колумни од областа на меѓународното право и меѓународните односи, безбедноста и политиката како и на 16 научни и стручни трудови во домашни и меѓународни зборници. Исто така, автор е на книгата „Македонија и Грција – битка за името„ (Правните механизми во Обединетите нации за враќање/употреба на името-Република Македонија).

Во мај 2002 ја основа политичката партија Народно движење за Македонија со поголем број на истомисленици, откако во рамките на МВР ги согледува политичките сценарија и внатрешните предавства за време на Татковинската војна во 2001 година. Централниот комитет на Народно движење за Македонија на седницата одржана на 21 јануари 2018 донесе одлука партијата во иднина да настапува под назив: Единствена Македонија.

Оженет е со сопругата Убавка, дипл.правник, со која имаат две деца, Никола и Михаил.

КОНТАКТ:

Тел: 075 339 839; 075 446 305; 077 648 968
Mail: president@edinstvenamakedonija.mk
Адреса: Даме Груев 10, 1000 Скопје
Република Македонија