39

Бачев: Скандал е за време на кризата власта да финансира од буџетот дури три албански универзитети

Apr 11 2020
(0) Comments

Во ова тешко време со коронавирусот кое досега одзеде 30 животи, а преку 100.000 луѓе останаа без работа, владата на СДСМ и Зоран Заев се расфрлаат со буџетски пари за финансирање на албанските универзитети во Македонија.

Пред два дена, власта на СДСМ му додели буџетски пари на Универзитетот на Југоисточна Европа – Тетово. Но, власта од буџетот исто така ги финансира и Државниот универзитет во Тетово и Универзитетот „Мајка Тереза“.

Потсетуваме, своевремено албанското малцинство во државата бараше еден, а  марионетските власти во Скопје низ годините им дадоа дури три универзитети на албанците финансирани од народни пари од буџетот.

Единствена Македонија во име на Коалицијата „Никогаш северна – само Македонија“ најостро ја осудува оваа неприродна и недозволива состојба во која дури три државни универзитети на албанското малцинство се луксузираат врз грбот на македонските државни обврзници. Коалицијата „Никогаш северна – само Македонија“ ќе го преиспита ваквото работење, одговорност мора да има.

Центар за комуникации на Единствена Македонија
Скопје, сабота, 11 април 2020

Скопје 1

ТВ Сител

Македонски весник

Макпрес

Вести

Тајм

image_print