Фотографија

Бачев до Кејт Бејли Хачинсон: Злонамерно влијание има во Македонија, ама од НАТО, а не од Русија и Кина

Apr 16 2020
(0) Comments

-„ Слушнав нешто од амбасадорката на САД во НАТО, Кејт Бејли Хачинсон на видео брифингот за новинарите во Вашингтон дека НАТО формира тимови за борба со хибридни закани во Македонија поради некаков голем замав на лажни вести и дезинформации во Македонија од страна на Русија и Кина. Според Хачинсон, Македонија дури била и посебна цел на кампања на дезинформации организирани од Русија и тоа се случувало одамна уште кога Македонија побарала да стане членка на НАТО а продолжиле и по приемот на земјата во Алијансата.

Со жалење морам да констатирам дека Кејт Бејли Хачинсон ги испомешала работите, бидејќи зборува за погрешна адреса оти злонамерното влијание во Македонија не доаѓа од Русија и Кина, туку од НАТО. Русија и Кина не го доведуваат во прашање територијалниот интегритет, суверенитет и унитарноста на Македонија, името и идентитетот на македонскиот народ, а рускиот претседател Путин на отворена сцена изјави дека писменоста доаѓа од Македонија.

НАТО во спрега со марионетската власт во Скопје, насилно ја внесе земјата во Алијансата наспроти референдумската волја на народот од 30 септември 2018. Која дрскост од Кејт Бејли Хачинсон, среде Вашингтон збрува за некаква хибридна закана од Русија и Кина а најголемата закана за Македонија е токму НАТО, кој,  не ги почитува современите цивилизаторски вредности во однос на македонскиот народ и македонската држава оти насилно и со уцени бришат цел еден народ од светската мапа на нации, нешто што е недозволиво и забрането со меѓународното право. Оставам на секој нормален човек да изгради сопствено лично убедување, кој има злонамерно и дестабилизирачко влијание во Македонија – НАТО или Русија и Кина“ – потенцираше Бачев во реакцијата на вчерашната изјава на Кејт Бејли Хачинсон.

Центар за комуникации на Единствена Македонија
Скопје, четврток, 16 април 2020

Скопје 1

Македонски весник

Охрид 1

Тајм

image_print