105-

Бачев во Росоман: Воведуваме министерство за село, обезбеден пласман на праските на рускиот пазар

Jul 05 2020
(0) Comments

Изјава, Коалиција Никогаш северна – само Македонија“
проф. д-р Јанко Бачев, претседател на Единствена Македонија
Росоман, недела, 5 јули 2020

Претседателот на Единствена Македонија проф. д-р Јанко Бачев придружуван од претседателот на Општинскиот комитет на Единствена Македонија Росоман, Атанас Стојанов, денеска, недела, 5 јули 2020 оствари посета во Росоман каде ги промовираше стратешките определби и мерките на коалицијата од социјално-економската сфера. Прито, меѓуостанатото Бачев истакна дека сега е важно да си ја вратиме државата назад, да бидеме свои на своето како Македонци од Македонија а после е лесно да се решат реалните проблеми. Треба само чесни политичари и се е решливо. Денеска во Росоман разговарав со производителите и откупувачите на праски за воведување на министерство за село, им го изложив нашиот план за сигурен откуп на земјоделските производи преку систематска државна политика за реалните потреби на домашниот и светскиот пазар. Во економско-социјалниот дел имаме 1.066 мерки. Конкретно за Росоман обезбеден пласман на праските на рускиот пазар – потенцираше Бачев.

Центар за комуникации на Единствена Македонија
Росоман, недела, 6 јули 2020

image_print